Армија на Република Македонија
Учество на Началникот на Генералштабот на АРМ на меѓународна конференција за безбедност и менаџирање на кризи

Началникот на Генералштабот, генерал мајор Васко Ѓурчиновски учествува на петнаесеттата по ред меѓународна конференција за безбедност и менаџирање на кризи, „Атина 18“ која се одржува од 12-15.11.2018 година во Атина, Република Грција.

Учество на делегации од АРМ на чествувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна

Делегации на Армијата на Република Македонија зедоа учество во активностите на одбележување на Денот кога е потпишано примирјето и е означен крајот на Првата светска војна.

Припадниците на Центарот за електронско извидување го одбележаа Денот на единицата

Центарот за електронско извидување (ЦЕИ), која е првопотчинета единица на Генералштабот на АРМ, во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје го одбележаа 9-ти ноември, Денот на единицата.

Одбележан Денот на баталјонот за почести и промовирана првата македонска офицерска сабја за почести

Баталјонот за почести (бП), во рамки на церемонијата на свечено менување на државното знаме пред Владата на Република Македонија и пред вилата на Претседателот на Република Македонија на Водно, го одбележа денот на единицата.

Дел од декларираните единици на АРМ ја демонстрираа својата подготвеност пред воените претставници на Воениот комитет на НАТО

Во рамки на посетата на Воениот комитет на НАТО, воените претставници на ова највисоко воено тело на НАТО, денес ја посетија касарната „Илинден“ во Скопје, каде се запознаа со капацитетите и подготвеноста на дел од декларираните единици на АРМ.